“OГНООТПОРНО“ - Скопје постои од 1967 година како погон за огноотпорно одржување во склоп на Рудници и Железарници –Скопје. Од 1995 година при преструктуирање на Железарница Скопје, Огноотпорно е издвоено во самостојно претпријатие и сега постои како самостојно трговско друштво.
За целокупниот период на постоење Огноотпорно се занимава со оѕидување, поставување на термоизолација, шаловање и бетонирање во топлотехнички индустриски агрегати, нивно технолошко пратење и супервизија, селекција и советување околу потребните огноотпорни материјали за вградување, складирање на огноотпорниот материјал и транспорт до местото на вградба.
Нашиот тим од инженери, ѕидаро-шамотери и торкретари има искуство од областа на огноотпорството преку 15 години и нуди целосна професионална услуга вклучувајќи супервизија и комплетни ремонтни услуги при термоизолација на топлотехнички агрегати.