Пеллинг тест
PELLING  THERMOFLUX ЕКОЛОШКИ И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ 
КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ
•    КОМПАКТНИ И ПОТПОЛНО АВТОМАТСКИ КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ
•    ОДЛИЧЕН СТЕПЕН НА ИСКОРИСТУВАЊЕ 92%
•    ВИСОКОКВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА ОД СЕРТИФИЦИРАН ЧЕЛИЧЕН КОТЛОВСКИ ЛИМ
•    МОДЕРНА И ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНА КОНСТРУКЦИЈА
•    МОЖНОСТ ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА РЕЖИМОТ НА РАБОТА ОД 30-100% ОД МАКСИМАЛНИОТ КАПАЦИТЕТ НА КОТЕЛОТ
•    ТИВКА РАБОТА НА КОТЕЛОТ
•    ЕДНОСТАВНО ОДРЖУВАЊЕ
•    МОЖНОСТ ЗА ЛОЖЕЊЕ НА ДРВА
•    3 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА НА КОТЕЛОТ / 2 ГОДИНИ НА АВТОМАТИКАТА
Котлите PELLING на фабриката THERMOFLUX се компактни, што ги издвојува од останатите котли на пазарот. Изработени се од квалитетен и сертифициран челичен котловски лим, а изолирани со тврдо пресувана минерална волна, со што се спречува непотребно оддавање на топлината.
Главна карактеристика на котлите е што се многу ефикасни и економични, со висок степен на искористување  мин. 92% и огромна заштеда на енергенсот (пелетите), без непотребна загуба на енергијата. 
Котлите PELLING се сертифицирани со TUV THURINGEN Сертификат за квалитет на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија, ISO 9001:2008 и СЕ Сертификат за безбедно користење, а се наоѓаат на BAFA (Германија) и EKOsklad (Словенија) листите на државно субвенционирање за чиста енергија.
•    Котелот е тропромаен, со три високи промаи, со една главна централно поставена голема пламена цевка и радијално поставени повеќе бројни пламени цевки (цевни изменувачи) кои ја зголемуваат површината преку која топлината се пренесува на водата, а во цевните изменувачи се сместени спирални тубулатори кои овозможуваат максимално искористување на топлината од пламенот и гасовите кои се ослободуваат при согорувањето на пелетите, смалувајќи ја брзината и температурата на излезните гасови, а со самото тоа се намалува потрошувачката на енергенсот односно пелетите. Овие карактеристики на котелот PELLING обезбедуваат поголема искористивост во однос на класичните котли.
•    Котелот и резерварот на пелети се една целина, резерварот е споен со котелот. На дното на резерварот се наоѓа дозатор на пелети (полжав) кој ги носи пелетите до ложиштето. Дозаторот (полжавот) е косо поставен, буткајќи ги пелетите према нагоре, а потоа пелетот по "слободен пад" паѓа косо надоле до ложиштето, со овој метод на дозирање на пелетите потполно се оневозможува феноменот на "повратен пламен" и запалување на резерварот на пелети. Поради компактноста на котелот и поради многу краткиот пат кој го поминува пелетот од резерварот до ложиштето котлите имаат многу мала потрошувачка на електрична енергија и огромна заштеда.
Котлите се со модерен дизајн и најсовремена конструкција, со технологија на изработка на високо ниво и со вградена комплетна и прецизна автоматика.
•    Автоматската регулација овозможува откако котелот ќе ја достигне зададената температура, автоматски да се намали силата на греењето, и да се одржува еден постојан лесен оган, максимално штедејќи го енергенсот без непотребно трошење на пелетите. Со опаѓање на температурата регулациониот систем сам ја зголемува моќноста и догрејувањето на котелот. Значи, котелот постојано одржува константна температура во просториите кои ги загрева, и тоа толкава колку што пртходно му ја задал корисникот и во временски интервали   (од-до) кои му се зададени и тоа со максимална заштеда.
•    Има дневен и неделен тајмер со можност за задавање дури и до 4 различни временски интервали во текот на денот.
Системот спрема зададените параметри и интензитет самостојно ја дозира количината на пелетите од резерварот во ложиштето. Значајна улога во процесот на согорување на пелетите има и вградениот (усисен) вшмукувачки вентилатор, кој освен што го помага согорувањето, максимално ја спречува можноста од појава на "повратен пламен", а воедно ја издувува пепелта од согорените пелети  во пепелникот кој е инкорпориран на дното од котелот.
На оџакот од котелот има сонда која ја мери температурата на издувните гасови со што врши и дополнителна заштеда недозволувајќи да има непотребно губење на топлина низ оџакот.
Котлите  PELLING се многу лесни за одржување и користење. Имаат вграден пепелник во кој паѓа пепелта при согорување на пелетите.
Количеството на формирана пепел од согорувањето на пелетите е минимално само 0,5-1% (5-10kg пепел на 1ton пелети), со што одржувањето на котелот е многу едноставно.
Котлите имаат можност и за ложење на дрва со едноставно додавање на решетка за согорување на дрва и препрограмирање на автоматиката од програм пелети на програм дрва.
| 
 Р.Б.  | 
 КАРАКТЕРИСТИКИ  | 
 Е.М.  | 
 PELLING 25  | 
 PELLING 30  | 
 PELLING 35  | 
 PELLING 40  | 
 PELLING 50  | 
 PELLING 75  | 
 PELLING 100  | 
| 
 1  | 
 Топлински учинок  | 
 kW  | 
 8-25  | 
 10-30  | 
 11,5-35  | 
 13-40  | 
 17-50  | 
 25-75  | 
 33-100  | 
| 
 2  | 
 Содржина на вода во котелот  | 
 l  | 
 60  | 
 90  | 
 90  | 
 90  | 
 120  | 
 154  | 
 181  | 
| 
 3  | 
 Тежина на котелот  | 
 kg  | 
 267  | 
 348  | 
 348  | 
 351  | 
 392  | 
 494  | 
 580  | 
| 
 4  | 
 Доводен/ повратен вод  | 
 inch  | 
 1”  | 
 5/4”  | 
 5/4”  | 
 5/4”  | 
 5/4”  | 
 6/4”  | 
 2”  | 
| 
 5  | 
 Темпаратура на издувните гасови  | 
 °C  | 
 cca 160  | 
 cca 160  | 
 cca 160  | 
 cca 160  | 
 cca 160  | 
 cca 160  | 
 cca 160  | 
| 
 6  | 
 Максимална работна температура  | 
 °C  | 
 80  | 
 80  | 
 80  | 
 80  | 
 80  | 
 80  | 
 80  | 
| 
 7  | 
 A Висина на излез на оџакот мин.  | 
 mm  | 
 1240  | 
 1445  | 
 1445  | 
 1445  | 
 1390  | 
 1598  | 
 1555  | 
| 
 8  | 
 BДлабочина на котелот  | 
 mm  | 
 955  | 
 980  | 
 980  | 
 980  | 
 1100  | 
 1240  | 
 1240  | 
| 
 9  | 
 CШирина на котелот без резервоарот  | 
 mm  | 
 410  | 
 510  | 
 510  | 
 510  | 
 510  | 
 560  | 
 650  | 
| 
 10  | 
 DВисина на котелот  | 
 mm  | 
 1385  | 
 1530  | 
 1530  | 
 1530  | 
 1530  | 
 1670  | 
 1650  | 
| 
 11  | 
 EШирина на котелот сорезервоар стандарден/проширен  | 
 mm  | 
 715/915  | 
 815/1015  | 
 815/1015  | 
 815/1015  | 
 815/1015  | 
 1060  | 
 1150  | 
| 
 12  | 
 FДијаметар на оџакот  | 
 mm  | 
 120  | 
 120  | 
 120  | 
 120  | 
 120  | 
 120  | 
 120  | 
| 
 13  | 
 G Висина на одвод/поврат  | 
 mm  | 
 88.2/1282  | 
 105/1445  | 
 105/1445  | 
 105/1445  | 
 105/1445  | 
 70/1568  | 
 75/1532  | 
| 
 14  | 
 Количина на пелети во резервоарот стандарден/проширен  | 
 kg  | 
 75/135  | 
 95/151  | 
 95/151  | 
 95/151  | 
 110/185  | 
 270/-  | 
 290/-  | 
| 
 15  | 
 Потршувачка на ел. енергија номинално/максимално  | 
 W  | 
 160/350  | 
 160/410  | 
 160/410  | 
 190/380  | 
 190/450  | 
 190/510  | 
 240/510  | 
| 
 16  | 
 Мин/макс температура на водата на излез  | 
 °C  | 
 55/80  | 
 55/80  | 
 55/80  | 
 55/80  | 
 55/80  | 
 55/80  | 
 55/80  | 
| 
 17  | 
 Отвор на товарната врата (вxш)  | 
 mm  | 
 285x250  | 
 345x350  | 
 345x350  | 
 345x350  | 
 345x350  | 
 385x384  | 
 345x466  | 
| 
 18  | 
 Мин/макс потрош. на пелети/дрва  | 
 kg/h  | 
 1,6 /5,5  | 
 2 / 6,7  | 
 2,3 / 7,1  | 
 3,2 / 8,1  | 
 4,1 / 10,3  | 
 5,5 / 15,3  | 
 6,7 / 20,5  | 
| 
 19  | 
 Макс. должина на цепаниците  | 
 mm  | 
 400  | 
 450  | 
 450  | 
 450  | 
 550  | 
 600  | 
 700  | 
| 
 20  | 
 Гориво  | 
 -  | 
 пелети/ дрво  | 
 пелети/ дрво  | 
 пелети/ дрво  | 
 пелети/ дрво  | 
 пелети/ дрво  | 
 пелети/ дрво  | 
 пелети/ дрво  | 
| 
 21  | 
 Излез за оџакот (горе, назад)  | 
 -  | 
 горе  | 
 горе  | 
 горе  | 
 горе  | 
 горе  | 
 горе  | 
 горе  | 
| 
 22  | 
 Во согласност со нормите  | 
 EN  | 
 EN 303-5  | 
 EN 303-5  | 
 EN 303-5  | 
 EN 303-5  | 
 EN 303-5  | 
 EN 303-5  | 
 EN 303-5  | 




