Супервизија и надзор
Нашиот тим на инженери има 20 години искуство при работа во челичната индустрија, цементната индустрија, петрохемиската индустрија, и е достапен во секое време за потребите на клиентот да изврши контрола , супервизија на квалитетот и состојбата на изолацијата и оѕидот на објектот.
Извршувањето на дефектажа е дел од процесот на редовно оддржување на агрегатот при негово оптимална експлоатација.
Торкретирање
Огноотпорно со својата техничка опрема исклучиво професионално врши торкретирање во индустриски погони на топлотехнички агрегати за потребите на клиентот.
Торкретирање со изолациони, магнезитни маси, алуминозни бетони.
Торкретирање на топло при процес на експлоатација на агрегатот, и за време на застој кога агрегатот е вон експлоатација.
На овој начин клиентот заштедува време при процесот на санација на агрегатот, го намалува временскиот застој и добива повеќе време за негова експлоатација.
Застапено е и во градежниот сектор за бетонирање на тунели, мостови и карпести површини.
ОГНООТПОРНО ДОО
Бул.16-та Македонска Бригада 18
1000 Скопје
Тел:+389 2 3287 801
Факс:+389 2 3287 806
Email: ognootporno@ognootporno.com.mk
Работно време: Понеделник-Петок 07:00-15:00ч